Во буџетот за в година се планирани 130 милиони евра субвенции во земјоделството, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, додавајќи дека исплатата на субвенциите се одвива тековно, согласно законските регулативи. Во изминатиот период од повеќе здруженија, асоцијации и сојузи на земјоделци имавме барање за пролонгирање на роковите за поднесување на апликациите. Се обидовме и успеваме рокот на контроли да го скратиме што е можно повеќе за да им излеземе во пресрет за да можат во најкусо време да ги добијат средствата - истакна Димовски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за сработеното во изминатите 100 дена. Тој истакна дека во проектираниот буџет за 2012 година се планирани 130 милиони евра за субвенции во земјоделството од кои, како што посочи, околу 20 до 25 милиони евра би требало да бидат наменети за финансиска поддршка во руралниот развој, а останатите за финансиска поддршка во земјоделството. Димовски очекува исплатата на субвенциите за оваа година да заврши до законскиот рок во јуни 2012 година.
Во буџетот за в година се планирани 130 милиони евра субвенции во земјоделството, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, додавајќи дека исплатата на субвенциите се одвива тековно, согласно законските регулативи.
- Во изминатиот период од повеќе здруженија, асоцијации и сојузи на земјоделци имавме барање за пролонгирање на роковите за поднесување на апликациите. Се обидовме и успеваме рокот на контроли да го скратиме што е можно повеќе за да им излеземе во пресрет за да можат во најкусо време да ги добијат средствата - истакна Димовски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за сработеното во изминатите 100 дена.
Тој истакна дека во проектираниот буџет за 2012 година се планирани 130 милиони евра за субвенции во земјоделството од кои, како што посочи, околу 20 до 25 милиони евра би требало да бидат наменети за финансиска поддршка во руралниот развој, а останатите за финансиска поддршка во земјоделството.
Димовски очекува исплатата на субвенциите за оваа година да заврши до законскиот рок во јуни 2012 година.
- Тоа е вообичаена пракса во сите земји членки на Европската унија. Нашето законодавство го усогласивме со ЕУ легислативата во голем број законски акти. И овие рокови, логично, беа дел од таа хармонизација - рече Димовски.
Во врска со стопираниот процес на аплицирање за субвенции за раноградинарски култури во струмичкиот регион, министерот Димовски истакна дека ја поддржуваат одлуката на раководителот на Подрачната единица во Струмица привремено да се стопира овој процес.
- Почитување на законот мора да има без оглед од која страна доаѓа кршењето. Не сакаме да се создаде ситуација во која одредена група земјоделци ќе профитираат за сметка на други кои не можат да добијат субвенции. Затоа цениме дека е добра одлуката на раководителот на Подрачната единица во Струмица привремено да го стопира процесот на аплицирање. Во понеделник Државниот инспекторат за земјоделство ќе се вклучи во целата ситуација. Ќе изврши увид на терен и ќе ја испита целата документација по што ќе биде продолжен процесот на аплицирање, а оние денови што се изгубени ќе ги надополниме со тоа што ќе биде продолжен рокот за аплицирање. Сакаме законитост и максимална транспарентот во правото на добивање на субвенции. Не сакаме никој да биде оштетен, но од друга страна, не сакаме некој да печали на сметка на туѓиот труд - потенцира министерот Димовски.